АРСОВСКА ЗАСАДИ 378 ДРВЈА НА ПОТЕГОТ ПОКРАЈ КЕЈОТ НА ВАРДАР ВО КАРПОШ

0
429

Денес ја засадивме последната група од вкупно 378 дрвја, по должината на пешачката патека покрај кејот на реката Вардар, на потегот од мостот Обединети нации до мостот 8ми Септември. Овие дрвја значително ќе придонесат за раззеленување и разубавување на просторот и за поздрава животна средина.

Овие 378 дрвја се дел од акцијата на општествено одговорното претпријатие Стопанка банка кои обезбедија за акцијата на ЈП „Паркови и зеленило“ од 1.500 високи дрвја која продолжува да се реализира и во следниот период. Дрвјата ги засадија стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“, а под надзор на стручни лица од Факултетот за шумарство и од Факултетот за земјоделство.