АРСОВСКА : ДЕНЕС ОСТВАРИВ СРЕДБА СО НОВОИМЕНУВАНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА И ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГРАД СКОПЈЕ, Г-НОТ РИСТО ПЕНОВ

0
529
На средбата разговаравме за тековните проекти на кои градот работи, како и за подобрување на условите и квалитетот на живот на жителите на Скопје. При тоа се истакна можноста за интензивирање на соработката помеѓу Заедницата на единиците на локалната самоуправа ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа, во насока на остварување на целите на општините и утврдување на идни чекори за дејствување на двете институции.
На средбата беа истакнати конструктивни предлози и идентификувавме дополнителни можности за соработка, соодветни на приоритетите на двете институции, со што ќе се делува со цел обезбедување одржлив развој на единиците на локалната самоуправа.