Филипче: И јас ги почитувам препораките, мојот син е деветто одделение и ќе следи онлајн настава

0
931

Градинките во државата се отвораат на 9 септември, а ќе работат со протокол. Приоритет за упис имаат децата на самохраните родители и децата на двајца вработени родители. Сите кои имаат можност да ги згрижат децата на друг начин, да не ги зафаќаат местата на оние на кои тоа им е реално потребно, им порача пред малку на родителите министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која одржа заедничка прес-конференција со министерот Венко Филипче.

Тој, пак, одговрајќи на новинарско прашање, кажа дека неговиот син кој е деветто одделение и кој треба да следи онлајн настава, ќе оди на училиште тогаш кога ќе се создадат услови за тоа.

– Здравјето ни е приротет. Целта е да не дозволиме трансмисија на вирусот. Моето дете е во погорните одделенија, односно е деветто одделение и треба да следи онлајн настава. Јас лично ги почитувам сите препораки. Кога ќе има услови за физичко присуство, така и ќе оди на настава. Има и деца кои за време на дружбите користат маски, па ги охрабрувам и другите да го прават истото – рече Филипче.

Министерката Шахпаска посочи дека градинките имаат капацитет да згрижат вкупно 19.000 деца, но интерес за упис покажале родителите на 14.555 деца.

– Ако градинките имаат повеќе слободни места, можат да прифатат и други деца кои не се приоритетни. На општините им препорачуваме да обезбедат потребен соодветен кадар ако градинката има потреба за тоа, за да се обезбеди непречено функционирање. Децата ќе бидат згрижени на безбеден начин – рече министерката.

Филипче, пак ги повтори правилата предвидени со протоколите, кои предвидуваат да се исчистат и дезинфицираат градинките и тој процес е во тек.

– Во градинката треба да се постават едукативни постери со препораки на истакнати места. Секоја градинка мора да обезбеди маски за вработените, средства за хигиена и за дезинфекција. Проветрувањето е задолжително. Престојот на децата да се организира на начин на кој ќе се избегне меѓусебен контакт. Игрите да се на отворено и во помали групи. Приемот на деца да биде со 10 минути временска разлика на влез, а детето го спроведува еден родител кој задолжително носи маска. Лицата што доставуваат храна задолжително носат маска и ракавици. Децата ќе јадат во својата занимална, со претходна дезинфекција на масите. Ќе им се мери температура и на вработените, кои нема да смеат да се собираат во заеднички простории. На прием на секое дете му се мери температура а по влезот, ги мие рацете. Растојанието меѓу масите на децата се метар и пол до два. Децата ќе спијат во единечни кревети, обележани со името на детето. Групите до две години да имаат максимум по шест деца, а над две години, по 15 деца. Секој родител треба да достави потврда од матичен за здравствената сотојба на детето. Играчките нема да смеат да се мешаат меѓу групите – рече министерот.

Ако родителот забележи појава на симптоми кај детето, не треба да го носи во градинка и да го контактира матичниот педијатар. За следно вклучување во градинка, родителот мора да донесе потврда од матичен. Согласно алгоритмот, ако некое дете развие температура, се изолира во посебна просторија, по што се известува родителот. Се известуваат за симптомите епидемиолошката служба и педијатарот на детето. Децата учителката и негователката евентуално позитивното дете, блиските контакти, според проценката ќе одат во изолација. За состојбата и преземените мерки се известува Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Потоа, се организира дезинфекција на градинката, а детето продолжува во домашна изолација, здравствената состојба му ја следи матичниот лекар. Ако треба да се хоспитализира, тоа ќе се прави во болницата во Козле како и во другите болници низ државата. Детето кое било сомнително, а е негативно, продолжува да си оди во градинка со потврда од матичен лекар.

– Да не дозволиме да се шири вирусот. Клучно е да се почитуваат протоколите, неопходно е да им се пристапи на децата на начин на кој ќе им се објасни дека на тој начин тие се штитат себеси и своите другарчиња и своите семејства. Возрасните да дадат свој личен пример. Повикувам на максимална одговорност – рече министерот.