АРСОВСКА : ВО ЗДРУЖЕНИЕТО СОС ВИТА РАЗГОВАРАВМЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

0
554

Во здружението СОС Вита во рамки на кое функционира и дневен центар за рехабилитација, со претседателот Ертан Шакири и дел од членовите, разговаравме за досега реализираните мерки, како и за предвидените нови активности согласно заложбите и предлозите на здружението кое има цел за унапредување на правата на лицата со попреченост.

Во здружението членуваат над 300 лица со попречености, а дневниот центар повеќе од три години активно придонесува во подобрување на нивното секојдневие, обезбедувајќи бесплатен медицински третман за нега и рехабилитација.