АРСОВСКА : ВО ДУХОТ НА ОНА ШТО ГО ПРАЗНУВАМЕ ДЕНЕС, НА СИТЕ ГРАЃАНИ ИМ ПОСАКУВАМ ЗДРАВЈЕ, МИР И ЉУБОВ

0
422

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска по утринската литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во изјава за медиумите на сите православни верници им го честиташе големиот хирстијански празник Велигден.

– Ова е најсреќниот од нашите празници и во духот на она што го празнуваме денеска, а тоа е вечниот живот и неизмерната радост, на сите наши граѓани им посакувам добро здравје, среќа, благосостојба, мир, спокој и пред се љубов, истакна Арсовска.