АПАСИЕВ: ЕУ ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ, ДА СЕ ПРИДРУЖИМЕ НА ЕВРОАЗИСКАТА УНИЈА СО РУСИЈА И БЕЛОРУСИЈА

0
5453

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев во краткото интервју за Инфомакс повика на борба за зачувување на Македонија и македонското инаку во спротивно, Македонците ќе бидат малцинство во некоја друга голема држава кое говори на западно-бугарски дијалект.

-За среќа има нови струења. Глуп е тој човек кој мисли дека само ЕУ е светот. Има нови струења, се распаѓа геополитичкиот систем кој го познававме пред наши очи и треба да го фатиме бранот.

Нашите предци успеале да го фатат бранот, партизаните, па ако сакате и комитите. Ако не го фатиме бранот ние ќе исчезнеме како држава. Ќе станеме како Курдите и Палестинците на Балканот. Не треба да се патетизира јас го знам вашиот десничарски менталитет на патетика и романтизам.

Јас не патетизирам. Ако еден народ кој створил држава не е способен да ја одржи не заслужува да има држава. Ние даваме се од себе. Даваме се од себе дајте и вие. Дајте да дадеме сите се од себе.

Левица не се месии. Ако не успееме да се одбраниме ќе станеме малцинство во некоја голема држава кое пишува на западно-бугарски дијалект.