АНДОНОВСКИ : ПРОТЕСТОТ Е ПРОТИВ ОВАА ВЛАДА, ПОРАДИ КРИЗИТЕ КОИ ГИ НАПРАВИ, ГЛАВНО РЕШЕНИЕ СЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ

0
825

Повикот на претседателот Христијан Мицкоски е за еден масовен, можеби и најмасовен протестен собир кој ВМРО-ДПМНЕ било кога го предводело, изјави секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски во вечерашното гостување во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24.

Андоновски потенцираше дека протестот е против оваа Влада и е поради сето ова што го прави Ковачевски кое е лошо.

– Затоа ВМРО-ДПМНЕ излегува на протест. Главното решение е предвремени парламентари избори, со предвремени парламентарни избори и нова гарнитура ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди платформа на која граѓантие ќе можат да и веруваат и граѓаните ќе бидат сигурни дека се грижи за нивните интереси а не некој да седи во удобни фотелји а да нема резултати, вели Андоновски.

Андоновски во текот на дебатата истакна дека отворено треба човек да им каже на Бугарите каде им е местото, а не Ковачевски да се смее како мало детенце која слушнала некаква шега, во однос на изјавата на Еди Рама за Западна Бугарија дека е Македонија,.

– Ставот треба да биде дека Македонија е Македонија и дека секој има право да постои. Тоа за жал ние го немаме во македонската дипломатија и лидершип тоа е една криза на националниот идентитет и како криза на националниот идентитет протестот ќе биде како резултат на таа криза, заклучи Андоновски.