СДСМ: Ќе проговорат ли директорите на ЕЛЕМ и МЕПСО од што избегаа?

0
1236

Соопштение на СДСМ:

Дали заминувањето на Синиша Спасов  од директорската фотеља е поврзано со милионските барокни фасади и сомнителните бизниси за ски-центри во коишто МЕПСО според најавите требаше да влезе?

Дали заминувањето на Дејан Бошковски од ЕЛЕМ е поврзано со индициите за стотици милиони евра криминал во РЕК, за апсурдните проекти во којшто влезе ЕЛЕМ како изградбата на Рајска градина и милионите евра пари на граѓаните фрлени во барокни фасади?

И двајцата функционери во енергетските компании се блиски соработници на Никола Груевски.

Доаѓа време кога учесниците во злоупотребите и деценискиот грабеж на граѓаните преку високите сметки за струја, исто како и нарачателите ќе мора да понесат одговорност.