АНГЕЛОВ НА СИМПОЗИУМ НА НАТО ВО РИГА, ЛАТВИЈА

0
470

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов како Висок претставник на Република Северна Македонија во Комитетот за градење отпорност на НАТО и одговорен за креирање политики во делот на кризниот менаџмент, заедно со Гавро Маркоски, претставник на ЦУК во Делегацијата на Република Северна Македонија во НАТО, Брисел, од 25 до 27 април 2023 година учествувува на НАТО Симпозиум за политики на градење отпорност во Рига, Република Латвија.

Цел на овој НАТО симпозиум е промовирање на отпорноста како примарно национална но и колективна одговорност, донесување брзи одлуки и намалување на општествената ранливост преку зајакнување на  националните капацитети за отпорност.На отварањето на НАТО симпозиумот се обратија претседателот на владата на Латвија, Крисјанис Каринс (Krisjanis Karins), министерот за одбрана на Латвија, Инара Мурниеце (Inara Murniece) а преку видео порака се обрати и заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана (Mircea Geoana).

Учество земаа лидери од цивилниот и воениот сектор, претставници на НАТО командната структура и земјите членки на НАТО, како и експерти од областа на кризниот менаџмент и политики за градење отпорност.Паралелно се одржа и ВИП сесија на тема „Ревитализација на цивилно-воената соработка во полето за отпорност“.

Центарот за управување со кризи како носител на Националното координативно тело за спроведување на препораките и барањата од НАТО и Комитетот за градење на отпорност, стреми кон сеопфатен владин пристап како и подобрување на цивилно-воената соработка во исполнувањето на седумте основни побарувања детектирани од НАТО како клуч во градењето на општествената и национална отпорност.