НА ТВРДОКОРНИТЕ НЕ ИМ ИДЕ ПАМЕТ ПРИ ШТО ПЛАНИРААТ ДА ШИРАТ МАСОВНА ЗАРАЗА ПРЕКУ ПОВИКУВАЊЕ НА РАЈА ВО ИМЕ НА БОГА И ПРЕКУ ЛИТУРГИИ ПА АКО НЕДАЈ БОЖЕ НЕКОЈ ОД НИВ СЕ ЗАРАЗИ ОД КОРОНА ЌЕ НАСТАНЕ ОПШТ ПИЧВАЈЗ!!!

0
913

Патриотското здружение „Тврдокорни“ кое е дел од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, најостро реагира на вчерашните најави за забрана на литургиите во македонските православни храмови.

„Ако не се служат литургии во Македонија, нема кој да не застапува пред Бог. Ние православните христијани, без литургија сме мртви. Тоа нам ни е храната за да живее духот. Да се преземат сите стандардни мерки на заштита, но отворено кажуваме не доаѓа предвид да дозволиме служењето пред Бог да биде спречено“, велат од ова здружение.

Од „Тврдокорни“ предупредуваат дека доколку некој се вмеша во ова прашање, нивниот одговор ќе биде безкомпромисен.

„Да не се надеваат безбожниците дека начекале прилика за да ја замолчат Црквата. Држете се до вашите убедувања, не ни ги чепкајте нашите. Никој да не се осмелил да преземе било каква казнена мерка кон православен свештеник кој служи почитувајќи ги безбедносните мерки“, се наведува во соопштението на патриотското здружение.

Од таму сметаат дека доколку свештениците и верниците ги исполнуваат сите безбедносни мерки, нема основа зошто да се оспорува основното човеково право на вероисповед.