АНА БРНАБИЌ ИЗГЛАСАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА СРБИЈА

0
143

Ана Брнабиќ беше предложена од владејачката коалиција предводена од Српската напредна партија (СНС), а и покрај категоричното противење на опозицијата, за неа гласаа 153 од вкупно 250 пратеници во српскиот парламент.

Гласањето беше јавно, а опозицијата предвреме ја напушти салата, со исклучок на петмина претставници од листата „Ние – гласот на народот“ на контроверзниот лекар Бранимир Несторовиќ, кои гласаа против изборот на Брнабиќ.

Конституирањето на парламентот, заедно со потврдувањето на претставничките мандати на новиот собраниски состав, почна на 6 февруари, а по две одложувања продолжи во понеделник. Но, гласањето за Брнабиќ започна дури денеска.

Српската напредна партија победи на предвремените избори на 17 декември минатата година, за кои опозицијата тврди дека биле наместени со бројни злоупотреби, особено во Белград.