АЛИУ ГИ ОТФРЛА ОБВИНУВАЊАТА ЗА НЕПОТИЗАМ ВО АНГАЖМАНОТ НА ШЕФОТ НА НЕГОВИОТ КАБИНЕТ

0
412

Министерот за информатичко опшестство и администрација Азир Алиу ги отфрла обвинувањата за непотизам при ангжманот на Дритон Даути за шеф на неговиот кабинет, што ги упати политичката партија Алтернатива.

-Тоа е излезено надвор од контекст, не ми е ниту зет од ќерка, од сестра, може да проверите, да отворите постапка, се е во ред, нема никаков непотизам. Тој е зет на семејството Алиу, не е мој зет, рече Алиу на новинарско прашање.

Идејата, посочи, е да имате луѓе околу вас кои се експерти и на кои им верувате. Дојдов тука да бидам транспарентен, да го отворам министерството за граѓаните, рече Алиу, најавувајќи дека Кабинетот на МИОА ќе има поткаст, а еден од нив ќе биде со новинарите.Алиу потсети дека ова му е прва политичка позиција бидејќи доаѓа од приватниот сектор и оти е свесен дека јавноста е чувствителна од аспект на политичари на креирање на политики на корупција на непотизам и тн.

-Кога доаѓате во последната година од владеење, мора да бидете претпазливи од аспект на креирање човечка инфраструктура во кабинет. Единствениот кабинет што ја отсликува реалноста во Македонија е Кабинетот за МИОА каде што внатре ги имате сите категории, значи експерти од сите националности и јас се гордеам со тоа, наведе Алиу.