Албански новинар го извади од кожа обично мирниот Али Ахмети: Вистинити се снимките од бомбите на Заев, во Македонија нема да има нова војна!

0
1255

ali klan

Да – беше одговорот на Ахмети, на прашањето на водителот на Клан ТВ, дали тој ги смета аудио-снимките од Бомбите на Заев за автентични. Ова беше само еден од одговорите на многу интересното интервју на познатиот водител Бленди Февзиу на албанската ТВ Клан, со Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција, и владиниот коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски. Интервјуто се емитуваше вчера, директно од седиштето на ДУИ.

ali-acik-540x275

Aли признал дека во земјата има криза но дека не е меѓунационална и дека имал спремено документ за излез од кризата кои сеуште се разгледувал од сите страни па чекал дали ќе го прифатат или не. Песимист е за исходот од преговорите во Стразбур.