СРЕДБА НА МИЦКОСКИ СО ОФИЦИЈАЛНИОТ ПРЕТСТАВНИК НА КАС ЗА МАКЕДОНИЈА, ДАНИЕЛ БРАУН И ПРАТЕНИЧКАТА ВО ЕП, МАРИОН ВЕЛСМАН

0
501

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. др. Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски оствари средба со Марион Валсман, пратеничка во ЕП и потпретседателка на Заедничкиот парламентарен комитет на Делегацијата на ЕУ во Македонија, и Даниел Браун, официјален претставник на КАС за Македонија.

На средбата стана збор за потребата од отпочнување на преговорите на Република Македонија со ЕУ, а тоа може да се случи со тргање на неразумното вето од страна на Бугарија.

Македонија заслужува да биде дел од ЕУ.

На средбата беше потенцирана и одличната соработка која ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер, особено придонесот кој што Фондацијата го дала низ годините во бројните обуки и помош за партијата, но секако и поддршката и соработката која ВМРО-ДПМНЕ ја има со германската сестринска партија ЦДУ.

Претседателот Мицкоски истакна и дека Македонија оди во многу лоша насока со владата на СДСМ и ДУИ и дека буквално се тоне во кризи, кои не се увезени, туку автентични. Од катастрофалната состојба излез се само предвремени парламентарни избори, кои треба да се случат што побрзо.