АКТИВИРАНА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА МВР, НЕМА ДА СЕ ПОВИКУВААТ ЛИЦА ЗА ПОСТОВИ НА ФЕЈСБУК

0
1098
Од извори во полицијата НОВА дознава дека по дадената изјава на Галетановски е утврдено дека нема основа за негово кривично гонење. Во случајот на Галетановски полицијата постапи по пријава поради неговиот ФБ пост во кој повикува гласачите кои не го признаваат уставното име на Република Северна Македонија да ја пречкртаат придавката Северна на гласачкото ливче.

Галетановски за sdk.mk вели дека денеска околу 15 часот телефонски бил повикан од единицата за економски криминал да дојде да даде изјава во врска со објавата на Фејсбук.

„Веднаш отидов во единицата за економски криминал заедно со мојот адвокат. Коментарот на мојот Фејсбук профил беше шега и тоа го кажав при давањето изјава. По еден час ми рекоа дека можам да си заминам”, вели Галетановски.

За слично дело во полицијата стигнале и пријави за професорот Ѓорѓи Спасов и активистот Боби Илиевски. Од полицијата, исто така, додаваат дека пријави за прекршување на изборните правила се добиени и за Миленко Неделковски, за Богдан Илиевски-Бетмен и за Љупчо Златев.