Спасовски: Меѓународната заедница испрати јасни пораки до Груевски и неговото друштво во заминување

0
1037

Оливер Спасовски, генералeн секретар на СДСМ кој беше и министер за внатрешни работи во заменската влада во интервју за Стандард не потврдува дека повторно ке се врати на челната позиција на МВР.

-Одговорот ќе го слушнете од претседателот на СДСМ, Зоран Заев откако за тоа ќе одлучат органите и телата на партијата – кратко одговори Спасовски.
 Ќе може ли да функционира новиот министер во согласност со измените што ги предвидува новиот договор– Хоризонталните трансфери на вработените иницирани од министерот да бидат автоматски одобрени ако се најмногу 10 % од просечниот број на хоризонтални трансфери во годините 2013 и 2014 ?
-Кадровските решенија во МВР мора се носат исклучиво според професионалните потреби на министерството, во функција на ефикасност и професионалност. МВРО, партиски директиви, реваншизам е недозволиво и на тоа крајот му доаѓа. Процесите на професионализација на МВР ги почнав, ќе продолжат по враќањето на Владата за организирање и спроведување фер избори, за да може да се обезбедат минимум услови за регуларни избори, а конечно квалитатнивни реформи во МВР ќе се случат по заминувањето на оваа штетна власт којашто го сруши државниот систем за свои приватни и партиски цели. Ќе биде преземено сé што е потребно, во интерес на граѓаните, според Договорот, министрите во Владата за организирање и спроведување фер избори да можат што поефективно да одговорат на преземените одговорности.
Ако ВМРО-ДПМНЕ не се придржуваше до Договорот од Пржино, има ли основа оптимизмот дека сега би било поинаку? Што доколку партијата на Никола Груевски не го почитува договореното?
-Секое ново непочитување на договореното, носи уште поголеми ризици за државата којашто функционира на шкрги поради оваа себична, несериозна и неодговорна власт. Има Договор, со конкретни рокови и тие мора да се испочитуваат. Ако не се испочитуваат, целата одговорност за сé што се случува и ќе се случува, ќе има и конкретен виновник, највидлив досега. Тоа и сега сите знаеме кој е, и вие кажавте – ВМРО-ДПМНЕ, ќе додадам и Никола Груевски, кои се плашат од регуларни избори зашто знаат што ги чека. Но СДСМ заедно со граѓаните тргнаа во заштита на виталните државни интереси и од тоа назад нема.
Интервјуто на Спасовски во целост прочитајте го тука