АКО НА НЕКОЈ НЕ МУ Е ЈАСНО ЗОШТО ПАК 2 ДЕНА КАРАНТИН: ДЕНЕСКА 39 НОВИ ЗАРАЗЕНИ, 11 ОЗДРАВЕНИ, НЕМА ПОЧИНАТИ!

0
751

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

– Скопје 2
– Прилеп 7
– Велес 2

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19. Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус.

– Скопје 12
– Куманово 8
– Штип 2
– Прилеп 2
– Тетово 7
– Струга 4
– Охрид 2

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1978, бројката на оздравени пациенти е 1422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

Досега во земјата се направени вкупно 25270 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи. Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2248 тестирања на ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на ковид-19.