АРИЗАНОВ : А КОГА ПРАТЕНИКОТ АПАСИЕВ ЌЕ ОТКРИЕ БИСТА ЗА УБИЕНИТЕ СТУДЕНТИ ВО КОСТУРИНО?

0
926

А кога пратеникот Апасиев ќе открие биста за убиените студенти во Костурино?Кога Болшевичкото куче ќе почне да отвара бисти за паднатите жртви на комунизмот?Кога ќе открие улица Жртви на Комунизмот?

Луѓе!Секоја година истите УДБАшки финти.Да, го осудивме фашизмот.Но кога ќе го осудиме и одречеме од Комунизмот?УДБАшката медиумска машина со седиште во Белград напорно работи да нè потсети колку сме страдале од Бугарскиот фашист.Но ниту збор за паднатите жртви од Комунизмот.Да, патеките до паднатите жртви од Бугарскиот фашизам се обележани со мермер и светулки.

Но патеката што води до споменичето на петте студенти што беа масакрирани во Дарламбос (Костурино) е обрасната со плевели. Нема ниту еден дрвен знак до неа. Невозможно е да ја најдеш доколку не прашаш некој од месните жители.