АКО ЗЕМЈАВА ГО ИЗГУБИ ОД МИНИСТЕРСКАТА ПАЛКА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ КАКО СТОЛБ ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА И НАДЕЖ ЗА МОДЕРНОТО ЗДРАВСТВО ТОГАШ ЌЕИФ ЌЕ ИМ НАПРАВИМЕ САМО НА МИА КОСТОВА И АПАСИЕВ

0
7498

Министерот Венко Филипче е столбот на македонското здравство за време пандемијата со Ковид 19 но и претходно. Во негово време многу животи добија втора шанса, во негово време многу проблеми се решија, од хонорарци до проблемите со кадар на локално ниво по клиниките.

Министре, сега само ќеиф им правите на Миа Костова, Апасиев и компанија кои верувам абер немаат што значи дефибрилатор и абер немаат нити пак некогаш конструирале струјно коло нити пак имаат абер од било каква струка освен алапачење и црнење луѓе, тоа им е занает и со тој занает ова општество ќе ги запамети или нема да ги запамети.

Разбирлива е твојата оставка од морални причини, секој одговорен лекар но и државен службеник,, посебно лекар кој подлежи на хипократова заклетва би го направил истото, но едно да знаеш, кога се прави конструкција на било што е поврзано со струјно коло никој не може да предвиди инцидент поврзан со струја, тоа ни господ не може.

Оставката која се бара од твоја страна е повод за задоволство на лични суети, егоа и лечење фрустрации. Срамота и грев е да поентираат на жртви и несреќи од небрежност.

Се надевам доколку вашата оставка е одбиена од премиерот Зоран Заев ќе ви даде дополнителен мотив да ја решите оваа папазјанија во корист на земјава но и да го решите проблемот со лажните вести за време пандемија поврзани со Ковид 19.
Лекуваш, оперираш, на терен си каде никогаш министер не стапнал, си примил граѓани со проблеми повеќе отколку што Груевци испрале пари, си помогнал на многу фамилии поради твојата посветеност на професијата и почитта кон хипократовата заклетва, заслужуваш да останеш на чело на оваа институција.
Не подлегнувај на мрчење и на теории на заговор, се што не се докажало во пракса се нарекува теорија.
А македончето е прво во тоа, ги поби сите теории поврзани со вирусот па и сега со оваа несреќа која ја снајде оваа земја.
Со почит, Рубин Иваноски, уредник на порталот Народен Глас.