„АКО ВИ ПРЕЧИ ДУИ, ГЛАСАЈТЕ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ И НИЕ ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕМЕ ОД ВЛАСТА“, МУ ПОРАЧА АХМЕТИ НА МИЦКОСКИ

0
490
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека ако на Мицкоски му пречи ДУИ да биде дел од власта, тогаш ќе се повлечат од извршната власт во моментот кога тие ќе ги гласаат уставните измени.

„Ако ви пречи ДУИ во раководењето со државата, тогаш гласајте за уставните измени, ДУИ ќе се повлече од Влдата“ рече Ахмети.

За повикот на Мицкоски за лидерска средба со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, на која би се разговарало за претстојните избори и за изборниот процес, Ахмети вели дека нема потреба.Тој нагласи дека во моментов изборите не нудат решение и потенцира дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин.

„Не знам што можеме да направиме за да им служиме подобро на граѓаните, отколку да ја зачлениме земјата во Европската унија. Изборите не нудат решение, така што, изборите ќе се одржат во редовниот термин, напролет следната година, рече Ахмети од Сарај, каде заедно со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го промовираа проектот на Град Скопје за чиста вода за пиење за седум села од оваа Општина.