И официјален Берлин контра Јоханес Хан

0
1198

Германското министерство за надворешни работи излезе со сосема спротивен став од еврокомесарот Хан. Во текст посветен на бегалската криза, се цитира изјава на државниот секретар на германското МНР кој за Ди Велт, јасно посочува дека од Македонија се очекувале реформи за решавање на политичката криза а дури потоа избори.

„Во поранешната југословенска Република Македонија треба прво брзо и одржливо да се реши внатрешнополитичката криза. Притоа, во преден план се реформите кои би обезбедиле спроведување на договорените нови избори според европски стандарди“, изјави Михаел Рот, државен министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи.