АГЕЛЕР : НЕ ЗНАМ КОЈ ЌЕ БИДЕ СЛЕДЕН НА ЦРНАТА ЛИСТА, ОВА Е ПРОЦЕС КОЈ ТРАЕ

0
567

Ова е процес кој трае. Не можам да кажам кој е следен, бидејќи не знам. Процесот е многу длабински и се прави многу внимателно.

Ова го одговори американската амбасадорка Анџела Агелер на новинарско прашање кој ќе биде следен ставен на црната листа на САД.

-Важно е да се знае дека оваа листа, ова е 100 отсто неполитички и не е лично. Се базира на докази, според нашиот американски закон. Верувам дека и медиумите и граѓаните играат голема улога во целиот процес.

Ние нема да дојдеме во Македонија и да апсиме некого. Македонските институции се оние кои треба да постапуваат.Не е моја работа да им кажувам на институциите што треба да преземат. Информациите што ние ги имаме се собрани тука и се достапни, рече амбасадорката.