ААААААААА…ЕТЕ КАКО БИЛО, А НИЕ МИСЛИМЕ ДЕКА НЕКОЈ НЕ ШИБА ВО ЗДРАВ МОЗОК

0
971

ричестувањето за Велигден во црквите се правеше согласно насоките и мерките за превенција од ширење на коронавирусот, уверува отец Ивица Тодоров во вечерашното телевизиско гостување на Алфа.

Коментирајќи ги критиките во јавноста дека со една лажичка се причестуваат сите верници, што е голем ризик за ширење на вирусот, Тодоров вели дека се прави компромис – оние што се плашат не ја допираат лажичката.

„Јас сум скоро 15 години свештено-служител, сум присуствувал на многу литургии кога имало грип и ние како служители тоа што ќе остане од причестувањето го користиме, па еве после толку години не познавам ниту еден мој колега што се заразил, а имаше и пред овој мутиран вирус други епидемии. Еве јас се трудам да бидам емпатичен и да го разберам оној другиот кој има проблем со лажичето, но и за тоа има решение. Нас битно ни е да ги причестиме нашите верници. Тие што имаат сериозна здрава вера ги причестуваме со лажичето, но некои пример само ја отвораат устата без допир со лажичката. Значи наоѓаме модел сепак и за оние што имаат подруг начин на доживување на нештата, да влеземе и во нивните улоги“, изјави отец Тодоров.

Тој потенцираше дека велигденската литургијата се одржала без присуство на верници и дека присутните чекале надвор за по завршувањето да влезат на причест.