(ВИДЕО) Пензионер се заблагодаруваше на Грујо за скијањето, а министрите се „згазија од смеење“

0
1292

Уште еден момент од вчерашниот „Отчет“ на ВМРО-ДПМНЕ се споделува на социјалните мрежи. Се работи за пропагадното видео кое беше пуштено во кое пензионерот Страхил се фали како Владата овозможила редовна пензија, но и бесплатно возење со жичарата на Водно и бањско лекување.

Веднаш по ова, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој беше и „водителот“ на настанот, го повика господин Страхил на сцената, па констатираше – „еве го, доаѓа“, па дури и го праша како е со здравјето, но пензионерот кој дојде се претстави дека се вика Драган и  кажа дека господин Страхил не можел да дојде, односно дека бил тука и си заминал.

Драган се пофали дека е задоволен од бесплатното скијање, а министрите од ВМРО-ДПМНЕ кои го слушаа се „згазија од смеење“.