Митрополитот Петар е роден циркузант: Пандемијата дојде поради оттуѓеноста од Бога, природата не опоменува

0
849

МПЦ-ОА го слуша гласот на властите и државата во заштита на животот на народот и длабоко сочувствува и сострадува, како со заболените и болните од секакви болести, па и од Ковид-19, и се моли за нивно оздравување, вели митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар.

– Веднаш се наметнува прашањето, зошто му се случи на целиот свет оваа пандемија? Светите Отци велат –заради нас и нашите гревови, а ние ќе додадеме, заради оттуѓеноста и отпадништвото во секој поглед на целиот свет од Бога. Природата, од Бога создадена, протестира и опоменува и на ваков начин. Да престанеме со нејзиното загадување и уништување на милионите квадратни километри шуми, на океаните, морињата, езерата, реките и потоците, на загадувањето на природата и воздухот со милионските авионски летови и возила, и со палење на шумите. Само молитвата на сите нас, почнувајќи од нас Владиците, свештенослужителите и верниците, како и управниците на државата, политичарите и граѓаните, може да го променат текот на настаните што ни се случуваат со оваа современа чума – вели Петар во изјава за МИА.