ФОКУС: Хрватскиот „Гебелс“ добил 4.6 милиони евра за да снима вмровска класика

0
1376

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:

ТВИТ-ДЕМОКРАТИЈА
ТВ Сител јавно обелодени наводни телефонски разговори на Заев со Бекири – Чауш и со неговото семејство, осомничен во аферата лични карти. Фактот што наводните телефонски разговори-транскрипти се однесуваат на периодот кога министер е Оливер Спасовски, може да значи две работи. Дека СДСМ почнале сами себе да се слушаат (?!) или дека некој паралелно си ја брка работата.

ХРВАТСКИОТ „ГЕБЕЛС“
Винко Грубишиќ, главен ПР стратег на ХДЗ во времето на Фрањо Туѓман, кој во Хрватска е познат по својата гебелсовска пропаганда во 1990-тите, човек со сомнително финансиско минато, добил неверојатни 4,6 милиони евра од македонската Агенција за филм на конкурсот за ТВ серијал од 130 епизоди за македонската историја

СУБВЕНЦИИ ЗА ПАРТИСКИ ЛУЃЕ
Дополнителниот заменик министер за земјоделство Николовски се соочува со блокада во обидот да дојде до информации за распределбата на субвенциите, бидејќи надлежната агенција одби да му одговори. Субвенциите ги добивале партиски и владини функционери, но и привилегирани бизнисмени и компании. Дали молкот повеќе говори од самите зборови?

СУДИИТЕ ОД „ТЕФТЕРЧЕТО НА ГОРДЕ“ ТРЕБА ДА БИДАТ РАЗРЕШЕНИ
Јасна, концизна, храбра, борбена, тоа се првите асоцијации за адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска. Со Сузана разговаравме за сите парадокси и феномени откако стартуваше Специјалното обвинителство, за судството кое тоне, за преседаните на Советот на обвинители

ПАСТИРСКА ДИЛЕМА
Какви избори би можела да си дозволи ДПМНЕ – криминална, ако пастирот биде принуден, како малкумина „привилегирани“ граѓани на државава да гласа еден ден порано – заедно со сите други штитеници на казнено-поправните установи!?

КОНТРАУНИВЕРЗИТЕТИ ЗА РЕЗИЛ
Одлуката за отворање два нови универзитети, на албански и на македонски јазик, како дел од предизборната кампања на екс премиерот Груевски, е всушност компромис на владеачката партија чиј првичен план било да го укине УКИМ зашто е „комуњарски“

ПСИХОЛОГИЈА НА ПОЛТРОНИЗМОТ
Сонот на секој послушник и полтрон во душа е кога ќе порасне, без разлика колку и да е денеска мил, игрив или пуфкаст, да стане еден ден не само „куртон“, туку и началник на „куртоните“ во служба на режимот. Без разлика кој и да е тој режим, во идеолошка смисла

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Не е далавера, туку е точно, само она што го говореше Груевски на активот на Унијата на жените на ВМРО–ДПМНЕ. Она де, ако победи дека ќе ги пушти во дејство своите „народни клоци“. Концентрацијата на лична власт нужно води во водите во кои заплива Груевски. Сега тој не може назад

Ана ПАНОВСКА
Се крстиме во Специјалното јавно обвинителство и со сиот оптимизам очекуваме дека тимот на Јанева, и покрај сите спрепки, притисоци, уцени и закани, ќе успее и ќе подготви издржани обвинителни акти. Сите сакаме да издржи и да успее, зашто свесни сме како загрижено граѓанство дека тоа е претпоследното скалило на разврската

Александар ТОРТЕВСКИ
Субрата Рој, во затвор напишал книга во која ги советува пријателите: Не бидете алчни, повлечете се на време, зашто во спротивно цената што подоцна ќе ја платите ќе биде многу висока. А бе, си велам, овој од затвор да не му праќа порака некому преку книгава?

Рамадан РАМАДАНИ
Предлагам цело време опозициските албански и македонски политички организации да загреваат меѓуетничка трпеливост, до толку што ќе остават впечаток и дека ќе има дури и меѓуетнички коалиции. Ако не во сите, тогаш најмалку во некои пилот изборни единици

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Покајниците немаат ништо заедничко со морал и интегритет, секогаш се од страната од каде што дува ветерот, но затоа, пак, се корисни и употребливи кога се случуваат промени. Ним секоја нова власт им става „магарешки уши“ откако претходно им ги избива сите бубачки од главите и ги трансформира во горди послушници