Сите министри сосе екс- премиерот Грујо ги чинат граѓаните половина милион евра годишно!

0
984

Стотриесет и три илјади денари или нешто повеќе од 2000 евра е платата со која екс-премиерот Никола Груевски го напушти премиерското столче на Илинденска бб. Иако, ова не е највисоката сума споредено со другите функции во државата, што не ја прави исклучително ексклузивна, уникатно е тоа што единствено кај нас е вистински подвиг да се дојде до една ваква навидум обична информација која во соседните земји може да ја дознаете со два клика, пишува во сторијата на Скуп, Министерски примања: Половина милион евра само за плати

„Секаде во регионов платите на министрите и воопшто функционерите се јавни информации кои можат да се најдат на сајтовите на тамошните Агенции за борба против корупцијата или комисиите за спречување конфликт на интереси. Тука, кај нас, нам ни беа потребни два месеци за да го докажуваме јавниот интерес пред институциите и преку жалби да дојдеме до основната информација-колку нé чинат министрите?

Највисока плата во доскорешната Влада на еск-премиерот Никола Груевски, имал екс-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, со бруто плата од 141.958 денари. По него следува екс-премиерот Груевски со 133.039 денари, кој има малку помала плата за разлика од онаа на шефот на државава, Ѓорѓе Иванов, кој секој месец зема 139.060 денари“, пишува во сторијата на Скуп.

Повеќе ОВДЕ