Со 1 евро дневно живеат 8 проценти од граѓаните на Македонија!

0
999

Според Анкетата за потрошувачката на домаќинствата во 2014 година што минатата година ја објави Државниот завод за статистика, најсиромашната група домаќинства, која во просек има по 3 члена, или според точните статистички пресметки по 2,82 члена, месечно имала на располагање по 89 евра. Значи, секој член од домаќинството во текот на еден месец можел да потроши 31,6 евра, односно само по едно евро дневно! Според процените на статистичарите, во оваа категорија спаѓаат 55.658 домаќинства, што е 10 проценти од вкупниот број домаќинства.

Во овие домаќинства живеат речиси 160.000 луѓе, односно 8 проценти од вкупното население во Македонија.

Повеќе од 830.000 граѓани имаат проблеми со плаќање сметки!

Дури 40 проценти од населението, или повеќе од 830.000 граѓани, не можат навреме да си ги платат сметките и имаат проблеми со отплата на кредити, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Статистичарите утврдиле дека повеќе од 70 проценти од населението не може да си обезбеди една недела одмор. Со неочекуван трошок не може да се соочат 64,1 процент од населението, а 26,5 проценти не можат да ги задоволат потребите за соодветно затоплување на станот.

Извор: gragjanite.mk