СДСМ: Со 35 милиони евра за барок можеше да се реши проблемот со загадувањето

0
1230

Наместо инвестиции и мерки за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ објави оглас за барокна фасада од над 35 милиони евра народни пари, реагира СДСМ, истакнувајќи дека граѓаните во Македонија секојдневно дишат загаден воздух, полн со канцерогени ПМ10 честички.

„Податоците од мерните станици покажуваат дека загадувањето на воздухот во скопско Лисиче е 4 пати над дозволеното, Гази Баба 4 пати, Битола исто така 4 пати, а во Тетово 7 пати над дозволената граница. Во Велес концетрациите на ПМ10 честитчки е 2 пати над нормалата, а во Кичево 4 пати над дозволеното. Со години ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за намалување на загаденоста на воздухот. Личното богатење, тендерите за споменици, криминалните зделки, мерцедесите, плацевите на Водно се она што цели 10 години Груевски, Мијалков и фамилијата најдобро го прават е на штета на граѓаните. Криминалните политики на Никола Груевски го загрозија здравјето на граѓаните“, соопштија од партијата.