(ВИДЕО)Заев: Го завршивме нашиот дел од обврската од договорот од Пржино, ги доставивме материјалите до Специјалното јавно обвинителство

0
1497

Денеска, пред очите на јавноста, преку вас новинарите и камерманите, го завршивме нашиот дел од обврската од договорот од Пржино и материјалите од прислушуваните разговори коишто ги поседувавме како опозиција, се предадени на Специјалното јано обвинителство, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој денеска до специјалната обвинителка Катица Јанева ги достави материјалите од скандалот со прислушувањето што ги поседува опозицијата.

– Претстои обемна работа за Специјалното јавно обвинителство. Посакувајќи им среќна Нова година и многу успех во работата, оставивме материјал којшто, дефинитивно гарантира многу работа на Специјалното јавно обвинителство. Уште еднаш да повторам дека граѓаните преку Специјалното јавното обвинителство коешто е формирано во договор од четирите партии, очекуваат и се надеваат на трошка надеж дека правдата во Република Македонија повторно ќе се врати за секој граѓанин без разлика дали има некоја своја, каква било определба. Овој дел од обврската е исполнет и нема нешто што виси како обврска на страна на опозицијата, како дел од договорот од Пржино којшто треба да биде исполнет. Ние остануваме во исчекување дека сите точки, се што е зацртано во договорот од Пржино, ќе биде исполнето од сите учесници коишто се вклучени во овој договор – рече Заев.

Тој рече дека Анкетната комисија е формирана со цел политичка одговорност преку јавни искази на повидок на јавноста, како што е формирано Специјалното јавно обвинителство заради кривична одговорност, за се што е поврзано и што произлегува од содржината на неовластено прислушуваните материјали. Секако, одговорност и политичка и кривична доколку ја има и се докаже, истакна тој.

– Очекуваме, истовремено да биде донесен закон за медиуми, да се постигне договор за регулација на медиумите за да може да се создаде амбиент за кристално чисти избори, за фер, демократски и регуларни избори. Истовремено, очекуваме да бидат исполнети сите соодветни рокови коишто зависат сега од новоформираната Државна изборна комисија. Согласно законот и договорот, целосно спроведување на фотографиите од биометриската документација, целосно спроведување на базите од биометриската документација, граничните премини, КИБС којшто ги гарантира транскационите сметки на граѓаните и сите други бази на податоци. Треба да се заврши теренската проверка на избирачкиот список за да опстои обврската на сите политички чинители, како одговорни пред граѓаните дека се обезбедени фер, регуларни и демократски услови за одржување на наредните парламентарни избори. Не може Република Македонија повторно да оди на избори со 1 милион и 780 илјади гласачи, кога знаеме сите дека сме најверојатно помалку од 1 милион и 650 илјади жители во државата – нагласи лидерот на СДСМ.

Зав додаде дека тоа се сериозни императиви коишто се поставени пред четворица претседатели на политичките партии коишто се вклучени во преговарачкиот процес и обврската е подеднакво заедничка на сите четири партии или сите четири чинители во договорот од Пржино.

– Ова е сериозна работа. Меѓународната заедница истакна, препораката може да опстои и надежта за европска иднина на Р. Македонија, само ако се исполни императивот на договорот од Пржино, а тоа се кристално чисти избори – порача Заев.

Во продолжение следуваат новинарскит епрашања и одговорите на лидерот на СДСМ:

Дали и ги дадовте и материјалите за случајот Монструм?

Сето тоа што ни беше предадено, денеска го предадовме на Специјалното јавно обвинителство. Секако, тука се и транскриптите коишто на прес конференциите зборував, поврзани со случајот Монструм, но и со многу други случаи, за коишто граѓаните ќе очекуваат правна разрешница. Се надевам дека правдата ќе ја дочекаат сите праведни луѓе, се надевам дека Македонија ќе исчекори кон патот на праведноста, на правдата и на правната држава.

Господине Заев, да бевте на местото на специјалната обвинителка, дали би потпишале одлука за ослободување на Верушевски?

Не е мое јас да го коментирам. Јас сум во координација со адвокатите, коишто ни се заеднички адвокати. Подолг период ние молиме со сите аргументации согласно закон да се замени мерката привор со поолеснителни мерки. Знаете дека една од посериозните забелешки на Република Македонија е злоупотребата на притворот којшто значи и пред се јавна осуда, без притоа да биде докажано за било кој граѓанин делото. Тоа се случуваше и со господинот Верушевски, господинот Лазаревски, госпоѓа Верушевска, господин Палифров и другите луѓе кои се таму, таму е и Ѕвонко Костовски да не го заборавиме. Правдата мора да биде еднаква за сите. СЈО според тоа што го знам од моите адвокати, и од медиумите е дека сепак донело мерки како што се гаранцијата и одземањето на пасош, заради тоа што сепак претстои судски процес за процесот “Пуч.”

Од безбедносни причини не ги предававте материјалите. Што одеднаш се смени?3

Денеска веќе имавме соодветни информации дека условите за безбедно чување на материјалите во којшто најголем дел е приватноста на граѓаните, такви услови се обезбедени. Имавме прилика еве со доставувањето на материјалите да ги видиме сефовите, со сите технологии на нивно чување и можам да кажам дека сега сум слободен од она што значи законска и морална односно етичка обврска за совесен имател на вака чувствителни материјали, дека се предадени во соодветната институција специјалното јавно обвинителство, и соодветно ќе бидат чувани и единствено достапни на специјалните јавни обвинители.

Како ги коментирате најавите за протести пред специјалното јавно обвинителство?

Вакви најави можам само забегани личности да продуцираат или да најавуваат. Секако не верувам дека на некој ќе му падне на памет да прави таква работа. Ова е Специјално јавно обвинителство зад чие основање стои апсолутното скоро цело мнозинство во парламентот на Република Македонија, со потписите на четирите претседатели на најголемите политички партии, вклучени во договорот од Пржино.

Дали и вашите разговори ги имате предадено?

Сите материјали како ги добивме од луѓето кои ни ги доставија минатата година, така и се доставени до Специјалното јавно обвинителство.

Сите 600 илјади разговори како што беше бројката?

Сите разговори коишто ги добивме сите се доставени.

Се дигна голема фама околу евентуална пристрасност на специјалното јавно обвинителство. Сопругата на Верушевски вчера преку фејсбук јавно ви се заблагодари и на вас како лидер на опозициска партија. Дали мислите дека интензитетот на вашата комуникација со првообвинетиот во “Пуч” има некакво влијание?

Со господинот Зоран Верушевски комуникациите јас сум ги соопштил неколку пати досега во јавноста. Секако, стојам зад сето она што го имам кажано во јавноста а во работењето на СЈО нема да коментирам ништо повеќе од тоа што досега го имам кажано. Верувам во неговата независност, непристрасност, јас сум обвинет во еден од предметите за коишто секако од другата страна пред судот ќе стои СЈО, јас сум еден од граѓаните во РМ коишто бараат правда. Креираниот случај Пуч се однесува на шпионажа и за насилство врз премиерот и апсурдноста е веќе докажана во јавноста. Се надевам дека по судски пат и правдата ќе излезе на виделина. За Зоран Заев, за Верушевски, за сите други обвинети луѓе во случајот “Пуч.”

Дали од овие материјали биле прислушувани некогаш и дадени на осомничените кои се за фалсификуваните лични карти?

Тоа ќе го прашате Сашо Мијалков и тајната полиција. Оргиналите се кај нив, највеојатно има неколкукратно повеќе материјали, се надевам дека и тие ќе ги достават материјалите до СЈО. Ние го доставивме тоа што ни беше доставено од луѓе патриоти, кои си ја сакаат земјата и коишто овие материјали ги доставија до СДСМ како најголема опозициона партија со исклучителна цел, да се врати слободата, демократијата, правдата и Македонија повторно да се врати на колосекот којшто не носи кон Европската унија. Тоа ние го исполнивме еве денеска со предавањето на материјалите на СЈО, очекуваме СЈО понатаму, преку предистражни и истражни постапки а ги утврдува фактите и сосгласно тоа да поднесува обвинителни акти или да отфрла кривични пријави. То е нивна задача и нивна обврска, овие материјали, коишто уште еднаш напоменувам, ние ги поседувавме, се сопственост на граѓаните и на Република Македонија. Денеска се вратени во независна институција којашто ќе може да ги искористи исклучиво за добра иднина на нашата земја и на сите нејзини граѓани.
Дали доколку ги изгубите изборите сте спремни да го признаете поразот?

СДСМ е убеден дека ако имаме фер, регуларни, кристално чисти избори со леснотија ќе замине ова зло од власт. После се што е споделено на сите им е јасно како бел ден дека оваа влада којашто ја уништила и слободата и демкратијата и правдата и иднината на сите граѓани, со леснотија ќе замине од власт, само ако имаме фер, регуларни, демократски избори. Ние немаме намера, ниту сакаме да не признаваме избори. Тоа значи дека ќе учествуваме во избори само ако се исполнети комплетно сите услови од договорот од Пржино. Така да, Заев ќе нема прилика да признава, или не признава избори. Уште еднаш напоменувам притоа давајќи го одговорот дека императив на договорот е победникот да има цел легитимитет, то начи е возможно само при кристално чист изборен процес а при кристално чист изборен процес Никола Груевски ќе замине во заборав.