РЕШИТЕЛНА ПОДДРШКА ОД ЗАЕВ: ФИЛИПЧЕ И КАРАЏОВСКИ СЕ НАШИ ХЕРОИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КОРОНАТА

0
729

Премерот Зоран Заев не чувствува одговорност за широката распространетост на вирусот, а за министерот Венко Филипче и за здравствените работници вели дека се херои. Тој посочи дека ако се донеселе порано мерките, тоа ќе било предвреме и ќе имало штета врз економијата, иако немало калкулации кога е во прашање здравјето.

“Кажете слободно ако ја барате мојата оставка. Нашиот здравствен персонал и сите здравствени експерти прават сѐ што е возможно и тоа што се очекувало од нив. И не треба никој од здравствен аспект да понесе каква било одговорност. Тоа се нашите херои. Сите. Од министерот за здравство, до заменикот, до последниот здравствен работник. Или администрација што помага. Навистина спремаме ордени и јас ќе ги делам. Тука не гледам никаква одговорност. Ако мислите дека на овој начин барањето одговорност ќе ја промени одлуката, не. Во согласност со пресекот на неделно или двонеделно ниво се носат одлуките. Секогаш се носат мерки што се соодветни на состојбата, во согласност со анализите. Тоа е причината. Нема економски калкулации поради економските аспекти. Државата е стабилна и ликвидна финансиски. Не треба да носите предвремени мерки и да ѝ правите штета на економијата. Не мислам дека треба ниту јас да понесам одговорност бидејќи ние, за разлика од вас, сметаме дека треба да има позитивни вести. Не гледаме никаква причина за да понесеме одговорност” – рече премиерот Заев.