ШИЛЕГОВ И ДИРЕКТОРОТ НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА ШАБАНИ ВО ПОСЕТА НА НОВИОТ ПУНКТ НА ЈП ВО БЛИЗИНА НА СКОПСКОТО КАЛЕ

0
689

Денеска со директорот на ЈП Комунална хигиена, Абдусамед Шабани, го посетивме новиот пункт на јавното претпријатие лоциран во близина на Скопското Кале.

👷‍♂️Континуирано работиме на обезбедување соодветни услови за работа на вработените коишто секојдневно на терен се изложени на најнеповолните климатски влијанија.

➡️Со цел подобрување на условите при извршување на работните обврски на работниците коишто ја одржуваат хигиената на јавните површини во градот, осум стари дотраени пунктови лоцирани во скопските општини Центар, Аеродром, Чаир и Шуто Оризари се заменети со нови монтажни објекти.

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.