БОМБА на Љубе Бошкоски: Гарантирам дека 50 отсто од затворениците во Македонија се осудени без докази

0
12079

Љубе Бошкоски денеска се осврна на, како што рече, многу сериозен момент во кој се наоѓа нашето судство. Тој рече дека гарантира дека 50 отсто од затворениците во Македонија се осудени без докази.

-Во овие денови посебно се ангажирам за еден мој голем пријател од Косово со кого заедно поминавме 5 години, господинот Флорим Малоку, кој 8 години лежи за дело кое не е докажано. Денеска сакам да апелирам за условите во затворот, да им помогнеме на затворските управи, на директорите на затворите низ државата за невозможните услови за живот во кои се наоѓаат затворениците низ затворите во државата, рече Бошкоски.

Тој истакна дека целиот политички кредибилитет го насочува кон подобрување на условите во затворите, а пред се да се ривидираат сите постапки на затворениците кои се неправедно во затворите.

– Јас ви гарантирам дека има таму и доживотно осудени луѓе, некои и од Арачиново за кои не е докажано делото. Тоа е сериозен проблем со кој е соочена Македонија, проблем кој очекувам дека ќе биде решен и сериозно сфатен, а за мојот случај други зборуваат, рече Бошкоски.