ЛДП: Уште една срамна одлука на „сваровски судството“

0
855

Срамна и недемократска е одлуката на Уставен Суд за промена на Законот за помилување, со која повторно му се даде право на претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

За ЛДП, овој чин е уште една потврда за спрегата меѓу извршната власт со поединци од судството, кои сакаат да ги аминуваат изборните криминали и да владеат со погазување на волјата на народот.

Го повикуваме претседателот Иванов да ги надмине тесно-партиските интереси на владечката партија и да постапува цивилизирано во интерес на граѓаните.

Јасно е како ден дека ова барање следува откако Специјалното јавно обвинителство го отвори предметот „Титаник“, во кој се вмешани актуелни и поранешни функционери.

Затоа, уште еднаш апелираме до сите политички чинители и меѓународниот фактор, што поскоро да се формира специјален суд, кој ќе ги процесуира транспарентно и законито сите обвиненија на специјалното обвинителство.