ПРИВЕДЕН ДИЛЕР ВО СКОПЈЕ, ПРОНАЈДЕНИ ОКОЛУ ТРИ КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА, ПРИВЕДЕН КРИМИНАЛЕЦ ОД ПРИЛЕП БАРАН СО ПОТЕРНИЦА ЗА ДОИЗДРЖУВАЊЕ НА КАЗНА ОД 26 МЕСЕЦИ, ПРЕТРЕС ВО КУМАНОВО, ПРОНАЈДЕНА ДРОГА, ПРИВЕДЕНИ ТРИ ЛИЦА

0
463

Приведен дилер во Скопје, пронајдени околу три килограми марихуана Денеска (08.11.2022) околу 10.50 часот на бул. „Борис Трајковски” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.В.(22) од Скопје. При преглед во неговата торба биле пронајдени околу три килограми марихуана. Пред да биде лишен од слобода тој се обидел да избега, но набргу бил фатен и приведен. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведен криминалец од Прилеп баран со потерница за доиздржување казна затвор од 26 месеци Денеска (08.11.2022) во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица од општа надлежност Прилеп го лишиле од слобода Е.М.(28) од Прилеп. Тој бил  баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казна затвор од две години и два месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „разбојништво“.
Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на затворската казна.

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведени три лица На 07.11.2022 во 16 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(35), Д.З.(44) и Ф.А.(47), сите од Куманово. При претрес во домот на  М.А., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати Д.З. и Ф.А., кај Ф.А. биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Приведен дилер во Скопје На 07.11.2022 во 11.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.У.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведен криминалец баран со потерница На 07.11.2022 во 17.10 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(30) од с.Трубарево. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казан затвор од една година за сторено кривично дело  по член  383 од Кривичниот законик.  Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Приведен криумчар на мигранти Денеска (08.11.2022) во 02.25 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“ пред Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, Полициската станица Неготино и од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Е.Н.(41) од Велес, затоа што во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 21 мигранти од Сирија. Претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и се обидел да избега. Набргу бил запрен и лишен од слобода.
Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.