Кировски : Заев е вистинскиот победник на изборите, Ахмети најголем губитник

0
2143

Имаме многу чудна ситуација околу резултатот на изборите. Победник испадна ВМРО-ДПМНЕ со победа од 15-ина илјади гласа разлика и 2 мандата повеќе во парламентот. Во 2014 разликата беше 200.000 гласа, и 27 пратенички мандата. Тие самите освоија 33.000 гласови помалку, и имаат 10 пратеници помалку. Тоа е пирова победа, секако многу послабо изразена од она на што се надеваа. Вториот победник на изборите е ДУИ. Партијата на Ахмети има 10 пратеника колку другите 3 албански партии заедно. Но, загуби 9 пратеника, односно се сведе на половина, од она што имаше. И тоа е пирова победа. Кај поразените, СДСМ ги изгуби изборите, ама освоија 150.000 гласови повеќе во однос на 2014, 60.000 повеќе од Бранко Црвенковски 2011, и 15 пратеници повеќе. Тоа е резултат за респект, иако не е победа, и тоа се на се заради 70-ина гласови во 6-ката кои можеше да донесат резултат 50-50. Заев им зеде гласови и на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ. Јас лично мислам дека тој е вистинскиот победник на овие избори. Груевски, нити победи нити изгуби. Загуби 10 мандати и 33 000 гласови, но освои 452.000 гласа што е цифра! Најголемиот губитник по мене е Али Ахмети….

Фејсбук статус на Атанас Кировски, уредник на телевизија Телма