ФОКУС: Али комита ќе го бие Сорос паша

0
1331

Во најновниот број на неделникот Фокус ќе читате:

„ЧЕ СИ ЛЕЖАТ“ ВО ШУТКА БАРЕМ ОНИЕ БЕЗ ПРАТЕНИЧКИ ИМУНИТЕТ!?
Горде, Миле и Началникот треба да плачат од болки затоа што не се пратеници и немаат имунитет како Груевски и Бети од Култура. Ова за и околу евентуален притвор оти слушам „странски служби“ шпекулираат дека сал тројца ќе ја видат Шутка. И пошто Груевски го испоштува Викиликс за објави за Сорос, истиот извор во 2011 објави дека Миле заедно со Мијалков се „најдоверливите луѓе на Груевски“, ама и „нашироко познати по својата корумптивност“.

ПОСЛЕДНАТА БИТКА НА КОМАНДАНТОТ
Те мислев за малку посаглам бе, Али, ама и ти си пател од (гео)политичка шизофренија. Наместо да му фрлиш лопата на овој што во своето претсмртно политичко лудило сака да ја погреба и евроатлантската иднина на Македонија, ти му ја с’скаш Илирида за да го кренеш од мртвите

КАТИЦА ВО ФОТЕЛЈАТА НА ЗВРЛЕВСКИ?!
Груевски предупредува дека за формирање на СЈО потпис ставиле четирите партии, па така ќе морало и сега, за новиот мандат на специјалните да има согласност од сите. Но, ако СДСМ формира влада, не смее да се заборави можноста државниот обвинител Марко Зврлевски да го замени токму Катица Јанева

ЛОВ НА ПОКЕМОНИ
Се намножија непријателите на Груевски, а тој, пак, сам си ја зацврстува јамката околу режимот. На нишан не се веќе само шарените револуционери, ниту само платениците на Сорос, туку и борците за почист воздух, студентите, оние што го бранат зеленилото од урбаната мафија, оние што се борат за социјална правда…

ТОДОРОВ ШТЕДИ, ПАЦИЕНТИТЕ УМИРААТ
Веќе неколку години државата ги крие податоците – колку луѓе годишно заболуваат од рак и колку пари се одлеваат за лекување на овие пациенти, а најважните биолошки лекови не се ставени на позитивната листа, па пациентите плаќаат и од 2.000 до 3.000 евра за терапијата што им значи живот

 ИЗБОРИ СО КУП НЕРЕГУЛАРНОСТИ

Иако сите се согласија дека постојат услови за кредибилни избори, првичните оценки говорат дека тие биле исполнете со низа нерегуларности. Домашните набљудувачи регистрирале серија случаи на злоупотреба на јавни ресурси, поткуп на гласачи, како и други изборни прекршувања и инциденти

ВЛАСТА ШТИТИ СИНДИКАЛЕН КРИМИНАЛ
Расколот во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) сѐ повеќе се зголемува. Актуелниот претседател Митревски не отстапува од лидерската фотелја, а лидери на четири гранкови синдикати обвинуваат дека е нелегален лидер кој веднаш треба да биде сменет

КОГА КАУЗАТА Е ПОВАЖНА ОД СЀ
До ден денешен, вљубениците во комунизмот сметаат дека репресијата на УДБ-а требало и посилна да биде, оти токму мекоста на удбашите ја довела Југославија до распад. Истата логика ја имаат и вљубениците во ВМРО-ДПМНЕ, кои сметаат дека Грујо беше премногу мек со предавниците

 

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Тоа што Никола ќе биде мандатор и ќе составува влада, воопшто да не ве тревожи. И тоа е дел од сценариото, како што е сосема извесно дека е дел од сценариото дека до таква влада нема да дојде. Не барем влада што ќе владее! Сè друго е само купување време од страна на НГ и АА

Ана ПАНОВСКА
Не бојте се, што би рекол Дедо Стефан! На вас, академиците, на писателите и на свештенството, што мадро си седите, никој рака нема да крене. А, оние, „забеганите“ од вашите редови, што се одметнаа од високото друштво, па се лишија од милоста на власта, сега ќе си ги трпат последиците

Рамадан РАМАДАНИ
Јас ја поддржувам платформата и држам дека таа може да биде и сопка и форма. И тоа многу ќе зависи како политичките артикулатори ќе знаат да ја употребат и злоупотребат