ТРАЈЧЕ СЕ КУРТУЛИ ОД ПРИТВОР, КОМИСИЈАТА СО ГЛАСАЊЕ 4:4 НЕ МУ ГО СИМНА ПРАТЕНИЧКИОТ ИМУНИТЕТ

0
1053

Во моментот на гласањето доцна во сабота навечер не беше приустен пратеникот Агим Шаќири од ДУИ, односно од владејачкото мнозинство – Трајко Вељаноски (архивска фотографија Ѓ. Личовски)

Собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања со 4 спрема 4 гласа не изгласа да му предложи на Собранието да му се симне пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, за кого судија на претходна постапка побара притвор. Тој е еден од шестемина осомничени во најновата истрага на Обвинителството за организиран криминал за нарачување и организација на нападот на Собранието на 27 април 2017, демолирање на законодавниот дом и претепување на пратеници.

Во моментот на гласањето доцна во саботата навечер не беше приустен пратеникот Агим Шаќири од ДУИ, односно од владејачкото мнозинство.

Истрагата против него, осомничениот Вељаноски ќе ја чека на слобода. Осомничени нарачатели се и поранешниот премиер Никола Груевски и разузнавачот Никола Бошковски кои се во бегство поранешниот министер Миле Јанакиески, кој од вчера е во домашен притвор, поранешниот министер Спиро Ристовски кој е во притвор и ексдиректорот на УБК Владимир Атанасовски, кој исто така е во притвор.

Во четвртокот, Ристовски и Јанакиески беа дел од инцидент во затворот во кој обајцата биле нападнати. Случајот го испитуваат надлежната полициска станица и Народниот правобранител. По инцидентот директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски си даде оставка.

ИЗВОР: СДК.МК