Субрата е во затвор, ама син му ќе го реновирал хотелот Славија

0
1023

12eaf272-ad3c-4755-b857-ba04a3eab974-Hotel-Slavija_Sahara-540x233

Хотелот “Славија” не е во функција повеќе години. Некогаш солиден и репрезентативен хотел за туристите, во текот на годините, ниеден од сопствениците не инвестираше во хотелот, со цел да го претвори во модерна и атрактивна градба на самата плажа на Охридското Езеро.

Се досега.
Сахара Групацијата најави дека веќе се ангажирани архитекти и дизајнери на ентериер, од Македонија, но и од тимот на дизајнери во Индија. Нивната задача е да го претворат стариот хотел со комунистички изглед во модерно ремек-дело, соодветно за секој кој сака да ужива во деновите поминати во Охрид. Договорите со изведувачите се веќе подготвени и потпишани, а официјалниот старт на градежните зафати се очекува во наредните седмици, со цел хотелот да биде подготвен за следната туристичка сезона, објави порталот емагазин.мк

Сахара планира да ги промовира хотелските капацитети за најразлични настани, од конференции до прослави.

“Сахара во секој момент ќе започне со реновирање и реконструкција на хотелот “Славија” во Охрид, кој беше купен во 2013 година. Проширувањето и реновирањето ќе биде изведено според планот на група архитекти и дизајнери на ентериер од Македонија, со поддршка на тимот за ентериер на Сахара од Мумбаи, Индија. Хотелот е дизајниран да биде првокласна туристичка дестинација, како и совршено место за светски конференции, корпоративни настани и венчавки”, изјави претставник на компанијата.

Како доказ дека Сахара Групацијата е посветена кон развој на инвестицијата, говори фактот дека Сушанто Рој го посети хотелот изминатово лето, со цел да го провери напредокот на подготовките за реновирање да се запознае со изведувачите. Во кратка изјава, Рој го искажа своето задоволство за првите, но цврсти чекори на овој проект во Македонија.

Инаку Сушанто неговиот брат и мајка со одлука на Македонската влада добија државјанство и пасоши од нашата држава и со тоа се заштитени од апсење во нивната родна Индија.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.