МЕЏИТИ : НЕ МОЖЕ СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ДА ГИ СТАВАМЕ ВО ИСТ КОШ!

0
386

Министерот за здравството, Фатмир Меџити денеска на брифинг со новинарите порача дека не може сите здравствени работници да бидат ставени во ист кош, во однос на скандалот на Клиниката за онкологија.Тој посочи дека нашето здравство има врвни доктори и дека МЗ ќе направи се за нивниот углед да биде зачуван, како што е правилно и фер пред граѓаните.

„Како министер ви гарантирам дека со моите надлежности, без компромис, нема да штедиме никого и ќе работиме. Тоа што ќе го докажеме ќе го санкционираме до крај. За наводите дека на Онкологија доаѓале пациенти од странство, во моментов немам информации, но и да имаме не можам да споделам поради предметот што го води Обвинителството и затоа се што ќе се донесе како одлука на крај, ќе биде јавно објавено пред сите. Пациентите ги упативме до Обвинителството и таму најтранспарентно се работи со сите што имаат информации околу случајот, вклучувајќи и со нивните семејства“ рече Меџити.Тој побара што побрзо да се стави крај на шпекулациите во однос на скандалот на Клиниката за онкологија.