ГО ОТЕПА – Димитров : Кого ќе претставува Николоски во Брисел- РМ или ВМРО

0
3092

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека е запрена постапката за испраќање на Александар Николоски на амбасадорска позиција во седиштето на ЕУ во Брисел, а како образложение тој праша кого ќе претставува Николоски- ако во моментов е секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, јави државната агенција МИА.

„Во основа постапката е запрена, ова е повеќе политички фолклор или политичко-партиски фолклор. Кого ќе претставува ако во моментов е секретар за меѓународна соработка на политичка партија? Ќе ја претставува политичката партија или Република Македонија, особено во голем центар што е еден од првите стратешки интереси ЕУ“, изјави Димитров во Софија.

Вчера на собраниската Комисија за надворешна политика единствена точка на дневен ред беше бранењето на амбасадорските тези на Александар Николоски, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ , кој беше утврден за кандидат за  амбасадор во Европската Унија во Брисел уште од техничката влада, пред одржувањето на изборите на 11 декември 2016 година.

Извор : НоваТВ