ЛАТАС И ИВОНА СИ ТЕРААТ ПО СТАРО, ВО ПЕШТЕРА СЕ АМА УШТЕ СРКААТ МЕД И ЛАЖАТ : ЛАЖНА Е ВЕСТА НА „ВЕЧЕР.МК“ ДЕКА КОВАЧЕВСКИ НЕ ДРЖИ МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ НА РАКОМЕТНИОТ СПЕКТАКЛ ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

0
740

„На вчерашниот ракометен спектакл во „Борис Трајковски“ многумина сакаа да бидат видени на трибините. Меѓу нив беа и премиерот Димитар Ковачевски и неговиот најблизок соработник во СДСМ Миле Зечевиќ. Тие беа единствените што не држаа македонски знамиња како што тоа го правеше публиката околку нив додека се изведуваше македонската химна…“, се наведува во објавата од Вечер.мк.

Снимка од екран на лажна вест од Фејсбук страницата на Вечер.мк

Демантот на ваквата објава може да се погледне на следните фотографии објавени на официјалната фејсбук страница од премиерот Димитар Ковачевски:

Од она што може да се види на фотографиите, се гледа дека на конкретниот настан Ковачевски држи македонско знаме.

„Денес го славевме ракометот, но и ги поддржавме најранливите, децата и младите без родителска грижа, преку хуманитарна акција. Сите средства од овој ревијален натпревар беа наменети за СОС Детско село.
Честитки за организацијата, навистина незаборавно искуство“, вели премиерот Ковачевски во објавата.

Текстот со лажната вест не е потпишан.

Главна и одговорна уредничка, како што е наведено во Импресумот на Вечер.мк е Ивона Талевска.

 

Цекиот текст на ФРОНТЛАЈН МК