Слобода или смрт

0
1192

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Добро, еве јас и оние пет-шест илјади други што незаконски ги слушале сме биле државни непријатели и ќе сме го урнеле уставниот поредок. Туку, што правиме со сите оние со кои сум зборувал од 1 февруари, 2013 до 10 март, 2015, а УБК ме слушала? Сега сите мои соговорници можат да ја тужат државата, на пример за нанесена душевна болка. Каде се оние психијатри што даваа вештачење за Груевски и Мијалков за нанесена душевна болка, по која тие добиваа отштета од десетици илјади евра?

Во нивните стручни вештачења што ги прифати судот, стоеше дека тужителот „силно се вознемирил“ и дека „уште повеќе се вознемирил и се почувствувал силно повреден како личност“. И дека „ги погледнал изненадената сопруга и децата кои биле запрепастени од она што го слушаат“. И уште, „како да им погледне во очи на луѓето околу него“. И имале „чувства на ансиозност, депресивност, тешка пониженост“.

Психијатарот на вештачењето што судот го уважи, запишал дека обвинетиот „не можел да спие мирно“.

Сите вие мои пријатели и непријатели, што сте збореле со мене додека јас сум го уривал уставниот поредок, спиете ли мирно, денеска?

А и вие што верувате дека има камера во пенкалото со кое ќе гласате на 11 декември. Еве да речеме дека има камера. Спиете ли мирно, поради тоа?

5 Очекувам и Груевски да тужи, исто како сите тие што разговарале со мене. Оти тој не бил таргет. А разговарал со сите што биле прислушувани. Бил колатерална штета. И го има во сите разговори.

За разлика од моите соговорници, тој пред судот ќе биде во предност. Горде ќе му го позајми тефтерчето, а тој самиот веќе има дијагноза за душевна болка што му поминала на истиот тој суд.

Целата колумна на СДК на следниот линк ОВДЕ.