ТЕЛМА : ЕДЕН ЗАГИНАТ И ДВАЕСЕТИНА ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО БИТОЛА ПРИ СУДАР НА КОЛА СО КОМБЕ ПОЛНО СО РАБОТНИЦИ

0
310

На местото на несреќата животот го загуби совозачот во автомобилот, 42 годишен жител на Битола, а повредени се двајцата возачи на патничкото возило и комбето, како и работниците кои се превезувале со него. Сите се пренесени во битолската Клиничка болница за санирање на повредите.

Од таму велат дека прегледани се 20 лица, од кои 13 на ортопедија и се со полесни повреди. Четворица пациенти се пратени на неврохирургија и тројца на хирургија, но засега ниту еден од нив не е во животна опасност, а дел се веќе на домашно лекување. Противпожарната единица од Битола учествуваше во извлекување на жртвата и повредените со две екипи.

Увидот за оваа несреќа траеше три часа, патот кај месноста „Трафостаница“ на излезот од Битола беше затворен, а возилата се пренасочуваа преку обиколницата.Сообраќајот е пуштен за сите возила после 18 часот, откако екипи на „Македонија пат“  ја расчистија сообраќајницата од остатоците од двете возила во оваа тешка сообраќајна несреќа.