СДСМ: Медиумите под контрола на Груевски со денови ja кријат срамната одлука на Уставен суд

0
993

Медиумите под контрола на Никола Груевски се ставија во целосна одбрана на срамните одлуки за заштита на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ со изборните измами. Фамилијарните инсталации на Груевски во судството, од тефтерчето, наместо да го штитат Уставот и уставниот поредок, го рушат функционирањето на правдата и правната држава, велат во писмено соопштение од СДСМ.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” со месеци молчат за милионите на нивните сметки, но затоа секојдневно ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд коишто ги испорачуваат партиските послушници на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од опозициската партија.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија”, според СДСМ, се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра. Поврзаноста на „Република“ со даночниот рај на фамилијата Белизе, отвора сериозни сомнежи. Јавноста дозна и за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми. Никола Груевски сака да го користи медиумскиот мрак за спас на сопствената кожа и за  да шират лаги во одбрана на криминалните активности, корупцијата и изборните измами што ги правел врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е уште една потврда зошто е потребна слобода на медиумите и зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните, додаваат од СДСМ.