Реакција за уредникот на Мактел кој обвинува за кражба на објави и содржи од неговиот портал

0
1413

Почитувани колеги од Мактел,

Порталот Народен Глас како електронски медиум постои неполна година и во етерот на електронските медуми има своја уредувачка политика која бележи значително голем напредок. Бидејќи порталот работи со многу скромни средства потребно е да се надоградува со веќе постоечките портали за да се одржи како медиум. Го разбираме вашиот труд и вашиот револт бидејќи тој треба да се цени но исто така ние во Народен Глас како редакција знаеме дека во услови кога во државата нема медиуми не отвораме нови рани и не бараме војна онаму каде што ја нема.

Народен Глас од самото постоење превземените содржини на веќе постоечките портали во етерот на електронските медиуми ги пренесува уредно со извор и со хиперлинк до објавата кога се работи за авторски права и според законот за авторски права како и за други објави вклучително и на дел од плукни залепи слики, видеа од порталот Мактел.

Апсурдни се тврдењата на уредникот на Мактел дека порталот Народен Глас пренесува само содржини копи пејст на Мактел и дека на тој начин ја гради својата читаност. Секако дека се тоа глупости невидени бидејќи и самиот уредник на порталот Мактел превземал содржини и фотографии од Народен Глас за кој ние сметаме дека се наш личен труд но нашата редакција не реагирала во знак на соработка и пружена рака во борба против режимот на Груевски и фамилијата знаејќи со каква диктаторска власт Македонија си има работа.

Соопштението во кое уредникот на Мактел порталот обвинува е скандалозно бидејќи ние како редакција можеби сме испуштиле неколку содржини да ги пренесеме дека се токму од овој портал но секогаш и најчесто уредно ги пренесуваме неговите објави. Во контекст што се однесува до превземањето на правни мерки уредникот на Мактел исто така треба да го земе во предвид фактот дека и ние како редакција ќе превземеме правни мерки за КРАЖБА на видео записи , неисплатени парични средства за дел од нашите професионални услуги кон самиот уредник на Мактел но и за УКРАДЕНИ фотографии, стории за кои имаме исто така АВТОРСКИ ПРАВА и докази дека се наше АВТОРСКО ПРАВО. Но како што наведовме во образложението погоре, ние нема да влетуваме како редакција и лично јас како уредник во правни битки со истомисленици против диктатурата на Груевски и ДПМНЕ бидејќи таа битка ја сметаме за поважна отколку за кликовите за кои се бори уредникот на Мактел.

Ние од Народен Глас сметаме дека ова не е време каде треба некој од нешто да профитира, ова е време кога треба заеднички да се бориме против диктатурата на Груевски, постојат и други начини на скромна заработка, но ние нема да делиме памет само ќе се вратиме на некои скандалозни тврдења на уредникот на Мактел дека и неговата КРАЖБА е КРАЖБА и за тоа доколу ние како редакција сметаме дека е наше видео злоупотребено, УКРАДЕНО веднаш ќе превземеме правни мерки против лицето на Мактел. Вистинска хипокризија е тврдењето на самиот уредник од порталот Мактел дека со Либертас има нати-го дајми-го а досегашната соработка со Народен Глас ја нарекува КРАЖБА на текстови  и содржини на Мактел, или е тоа според негови потреби па како ќе му текне така ги оквалификува соработките, денес едно па ако ви се налути утре друго?!?! Уредникот на порталот Мактел самиот признава дека превзема содржини од порталот Либертас како и од многу други електронски медиуми па не гледаме ние дека некаде и на некого се жали околу тоа туку одлучи да се пресметува со помалите портали како што тоа го прават провладните медиумски трабанти.

Како и да е, од сега па натаму редакцијата на Народен Глас има обврска да потсети на авторските права бидејќи и ние сметаме дека се злоупотребени од страна порталот Мактел и неколку други портали :

avtorskiprava1 avtorskiprava2 avtorskiprava3 avtorskiprava4 avtorskiprava5

Нашиот адвокат е исто така запознат со овој случај веднаш ова утро по скандалозниот текст на уредникот на Мактел и наскоро ќе ги превземеме сите правни механизми во одбрана на нашиот труд и во контекст со обвинувањата за кои како медиум и уредник не товари уредникот на Мактел.

П.С. Се замолува уредникот на Мактел уредно да исплати парични средства на уредникот на Народен Глас кои ги вети пред цела година за сите негови професионални ангажмани од страна на монтирање видеа, стории и слично кои го помагаа порталот Мактел.