ВО ТЕК Е ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА И НА ИСТОКОТ, ЗАЕВ: ГО ПУШТИВМЕ ВО УПОТРЕБА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ПРОБИШТИП-КРУПИШТЕ КОЈ ШТО СЕ ПОВРЗУВА СО ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП-КОЧАНИ

0
879

“Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој. Во целиот источен и југоисточен регион на нашата земја во тек е интензивна градежна офанзива и изградба на голем број инфраструктурни проекти, кои дојдоа како резултат на барањата на граѓаните.

Таков е регионалниот пат Пробиштип – Крупиште, кој веќе е во употреба на огромно задоволство на граѓаните од регионот. Овој современ регионален пат кој се поврзува со експресниот пат Штип – Кочани им ја олеснува комуникацијата на граѓаните и со останатите градови на истокот и југоистокот на државата.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ