ИНТЕРВЈУ СО ЗАМЕНИК ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАРОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ПЕТАР БОГОЈЕСКИ: Мојата мисија во ВМРО ДПМНЕ е да царува култот кон слободата, а не кон личностите!

0
1943

МактелГосподине Богојески, вие сте прв политичар од ВМРО ДПМНЕ со кој правам интервју од 2012-та, значи 6 години не сум имал прилика, фала ви за тоа што прифативте да дадете интервју за Мактел.мк

П.Б: Поради истото, ми е особена чест. Задоволен сум што ги отвораме портите на сите медиуми со цел да се слушне и гласот на опозицијата.

МактелНе знам од каде да почнам, баш затоа што се трупале прашања сите овие години и што поминавме низ навистина бурен период, а и сега и во иднина настаните се доста драматични, па така ова интервју ќе биде малце маратонско, се надевам ќе најдете време наредните неколку часови да расчистиме некои дилеми кои ги имаме ние што сме големи критичари на ВМРО ДПМНЕ…

П.Б: Тука сум да одговорам најдобро што можам. Тоа не се прашања на критичари на ВМРО ДПМНЕ, туку прашања на јавноста. Наша обврска е секогаш навремено и искрено да одговориме.

Мактел: Што се случува во моментов во ВМРО ДПМНЕ, имам чувство дека вие лично водите некоја своја независна политика во изјавите и настапите, имате ли следбеници во ВМРО ДПМНЕ или сте сам во некое ќоше, изолиран и дали ве караат за некои изјави дадени или имате карт бланш да дејствувате малце поинаку од Мицковски?

П.Б: Во партијата полека, но сигурно, се отвора простор за изградба и почит кон интегритетот на секој активист. Секој од нас е засебен човек и секој од нас размислува на својствен начин. Политиките на партијата се широка тема, во голем дел истите ги застапувам на најдобар начин на кој умеам. Пристапот како тоа го правам и вокабуларот што го користам е уникатен, па тоа е главната причина што некои се обидуваат да најдат разлики во ставовите, но и во намерите. Секако дека имам секојдневна комуникација со сите од партијата и во исто време имам огромна подршка не само кај членовите, туку и во пошироката јавност. За тоа сум благодарен.

Целото интервју ќе може да го прочитате на порталот Мактел.Мк ОВДЕ