ОД ОПШТИНА ,,ГАЗИ БАБА” СЕ РАСКОСТИЈА ОД РАБОТА : Комплетно реновирано студентското катче во ,,Кузман Јосифовски Питу”!

0
1171

Од запуштена просторија до комфорно студентско катче. Студентскиот дом „ Кузман Јосифовски Питу“ наскоро ќе добие студентски простор погоден за обуки, Co-working простор но и место за информации и меѓусебна дружба. Проектот, младински „Инфо Клуб“, со кој запуштените простории се пренаменуваат во креативен и функционален простор е идеален за информирање на младите.

Тие, овде со поддршка на ангажираните лица, ќе имаат можност поблиску да се информираат и запознаат за можностите за (само)вработување, посетување на обуки и тренинзи, како и можности за практиканство.

Младинскиот клуб ќе биде менаџиран од СВТ Алумни Македонија.