ТРАЈАНОВСКИ : ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ НЕ Е ДОВЕДЕН ВО ПРАШАЊЕ! АКО СТЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ДОНИРАЈТЕ ГИ ПАУШАЛИТЕ!

0
557

Кога ќе одземете едно екслузивно право вие, не може да приговарате кога и на вас ќе ви одземат ексклузивно право, така да ако овде врви течно мислата на членовите на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, би требало и на останатите претставници и на градоначалничката, истакна денеска заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски.

– Се мислев дали да реплицирам на сите колеги советници кои се јавија за збор и сега пробуваме да ја истакнеме загрженоста за оваа тема.

Јас сакам веднаш да поченме со разобличување на лагите и вадењето од контекст на изјавите на директорот, на градоначалничката и на секретарот на Градот. Јавниот превоз не е доведен во прашање! Точка!

Јавниот превоз сабајле беше доведен во прашање затоа што некој бил инструиран и охрабрен да пријави дека има бомба, е сега тој некој е фатен, се знае, ќе видиме кој го инструирал и како.

Ако ја слушате координаторката на ВМРО-ДПМНЕ ќе сфатите дека квалитетни кадри се само оние на ВМРО, квалитетни кадри сте само ако го послушате Мицкоски, и само отгаш може да бидете квалитетен, затоа бараат постојано оставка од директорот на ЈСП.

Затоа што кога Христијан Мицкоски им кажа на останатите директори да си дадат оставка, си дадоа оставка, без разлика што сега рабитат во истите претпријатија за кои што пишуваа статуси дека нема елементрани услови и средства за работа, а сега ене ги вработени на договор на дело, што викаа дека градоначалничката е неподнослива, не може да се работи, ене ги сега вработени.

Што се однесува до одговорноста која се бара од оваа оговрница овде, некао се извртуваат фактите секогаш нака како што ни одговараат.

Факт број 1: Возниот ред на ЈСП не е доведен во прашање, денеска е доведен во прашање поради безбедносни причини, по налог од МВР, намален е на 40% тоа се и антитерористички мерки кои се преземаат. Протестот на ЈСП со автобусите пред Владата е симболичен, ако сите тука навистина сме засегнати од состојбата ќе излезевме да го поддржиме овој протест. Јас бев таму.

Долговите се од дотциите од општините, така да кога сте ги повикале синдикатите, без претставници на Владата и општините може требаше да се поканат, оваа иницијатива ќе беше сериозна ако сите заедно излезевме пред владата.

Коректно е да се каже дека Владата и Гард Скопје во време на СДС беа спорни, субвенциите од Владата беа 360 милиони денари, потоа беа намалени на 120 милиони денати и тоа се однесува на годините 2020-2021. Сега станува збор за обврска од 2021- 2022 година за која Владата смета дека нема обврска да ја плати, а имаме доволно докази дека треба да биде исплатена.

Ако се земе предвид дека од 2021 до 2021 година од февруари школската година се извршуваше со физичко присуство и наставата од септември се извршиваше со физичко присуство, треба да се исплатат.

Оваа потреба некој да не стави сите во исто лонче дека сме криви, дека само едни кои се власт во Скопје не се криви и само они се способни, стварно не можам да ја разберам. Значи зботуваме за потреба од 360 не 120 милиони и сега сме собрани да бараме одговорност од директорот на ЈСП кој не го поддржал Мицкоски.

Вашите општини, уствари кога кажувате од оваа говорница дека некој е неспособен треба да кажете дека вашите градоначалници се неспособни, викнете ги овде да кажат колку должат.

А за платите, знаете дека сме во последниот квартал каде сите буџетски средства се исцрпени, знаете смао кои стојат на сметка? Нашите паушали. Тие се точно на наменска сметка, ако сме толку загрижени за состојбата 45 советници сме, тоа се плати за 45 вработени, еве ви лист и иницијатива, рече Трајановски.